Пандевја напушти репрезентацијата – Бабунски отвори душа „Вака веќе не оди“


Капитенот на Македонската репрезентација, играчот на Наполи, Горан Пандев си ја отвори душата и го напушти дресот со национален грб.

ggg– Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди на СП во Бразил и е последна во групата. Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб.

-Слободно за сите проблеми, не само во репрезентацијата туку и во комплетниот фудбал во Македонија, може да ме обвините мене и само мене. Може да ме пцуете, навредувате, критикувате… – вели Пандев во ексклузивното интервју.

-Ние се претворивме во менаџерска репрезентација. Секој си прави тоа што сака на штета на националниот тим и резултатите. Од една компактна селекција станавме премногу смешни. Не личиме на ништо и не ми е јасно како тоа секогаш играчите се виновните. Ете како играч јас преземам одговорност и се повлекувам, но тоа треба да го направат и другите лица од структурите на ФФМ – потенцира Пандев.

Целосното интервју можете да го прочитате во печатеното издание на утрешниот број на Македонски спорт.

Дека во репрезентацијата е крш веќе подолго време потврдува и младиот Бабунски .. еве што тој напиша на фејсбук за случувањата во тимот и репрезентацијата

11CAM00296 CAM00296

babunski fejs2

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1