Колегите и пријателите на српскиот актер Милорад Мандиќ Манда кој ненадејно почина во 55-тата година од животот, решија да му помогнат на неговото семејство и да го отплатат станбениот кредит во износ од 85.000 швајцарски Франци, пренесуваат српските медиуми.
Оваа акција ја покрена Драган Бјелогрлиќ, а тој не сака овој товар да падне на плеќите на сопругата на Манда, па заедно со колегите ќе отплати се што не покрива осигурувањето, пишува „Информер“.
Точно е. Тоа ќе биде решено. Луѓето се јавуваат да помогнат. Човекот што собра над милион евра за театарот остана должен за својот кредит. Нема многу такви луѓе, вели Бјела.
Меѓу првите кон оваа акција се приклучи и режисерот Милан Караџиќ.
Драган Бјелогрлиќ како негов кум и јас како близок соработник сакаме финансиски да им помогнеме на Ања и Андрија. Манда зад себе ја остави сопругата и детето со кредит за стан што со својата макотрпна работа го отплаќал. Анастасија тешко ќе успее во тоа сега кога го нема. Бјела е мотор на целиот проект, а ќе ни се приклучат уште колеги. Најверојтно ќе основаме Фонд што ќе биде транспарентен, вели Караџиќ.