Пријателскиот пречек на премиерот Никола Груевски во Израел од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги потврди одличните односи меѓу двете држави.
Пријателскиот пречек на премиерот Никола Груевски во Израел од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги потврди одличните односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со взаемно пријателство и меѓусебно разбирање, пишува порталот „Курир“.
Заедничката констатација на Груевски и на Нетанјаху по средбата беше дека Македонија и Израел се дефинитивно пријателски земји кои имаат цврста соработка.
Македонскиот премиер беше пречекан пријателски. Израелскиот премиер Нетанјаху му македонскиот колега се обраќаше со Никола на прес-конференцијата, што ја изразува блискоста и довербата која еден со друг ја имаат и која се рефлектира на односите на земјите. Од посетата на македонската делегација се забележа дека Израел високо ги цени активностите на Груевски за еврејската држава. Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, основањето на Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Македонија и реституцијата на имотите на депортираните Евреи без правни наследници се токму проекти кои се одвиваа под палката на Груевски, проекти кои укажуваат на пријателството меѓу двете држави.
Нетанјаху во својата изјава посебно ја нагласи и соработката во областа на одбраната и безбедноста
Груевски беше третиран во Израел со висока почит и во стил на голем пријател. Имаше заедничка прес- конференција со лидерот на Израел која зрачеше со срдечност и пријателство. Нетанјаху на својот официјален профил го објави и видеото од средбата.
Груевски ја потпиша декларацијата за пријателство од стратешко значење, што претставува уште еден чекор плус во унапредување на односите и порака од Израел дека Македонија за нив е многу важна.