Пријава до МВР: За 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата во Скопје


Службите на Владата попладнево во Министерството за внатрешни работи пријавиле анонимна закана за гранатирање на Владата, дознава Република од извори во МВР.vlada nokj mk 2

По брза интервенција на Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи било утврдено дека се работи за лажна дојава, пишува порталот.

Лицето кое анонимно се јавило е идентификувано и е утврдено дека било под дејство на алкохол.

60 годишно лице кое наводно било во алкохолизирана состојба вечерва се јавило на телефонскиот број 192 и ја алармирало полицијата дека за 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата на Македонија во Скопје.
Полицијата веднаш превземала мерки по што утврдила дека 60 годишниот С.Ј од Скопје извршил лажно пријавување.
При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192.
Тој во разговор со полицијата изјавил дека сакал да привлече внимание врз себе поради незадоволство за наводна за него спорна одлука на општина Гази Баба.
Од МВР ја потврдија информацијата и најавуваат соодветна постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1