Пријавени лажни профили на Фејс на кандидати во предизборната кампања


Отварање лажни профили на кандидатите за градоначалници на социјалните мрежи за време на предизборната кампања, но и креирање на фан страници – е она што го регистрирала Дирекцијата за заштита на лични податоци. Велат станува збор за профили на кои се пласирале навредливи содржини во име на кандидатите.

fejsbukИ додека предизборната кампања како таква била регистрирана, од Дирекцијата велат дека за време на самиот изборен процес не била поднесена ниту една претставка од страна на граѓаните.

Со оглед на бројот на претставки кои стигнале до ДИК, од Дирекцијата велат дека најверојатно се работи за неинформираност на граѓаните, бидејќи како единствена институција надлежна за изборниот процес ја гледаат само ДИК.

За разлика од Дирекцијата за заштита на лични податоци, до ДИК за денот на изборите стигнале над 400 претставки по различни основи.

Од Дирекцијата велат дека свеста за пријавување на граѓаните се уште е мала, особено кога станува збор за изборниот процес, а дури и политичарите многу ретко пријавуваат повреда на ова право.

За прв пат таков случај бил пријавен пред неполни две години.

таратур.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1