Оваа фотографија доби Пулицерова награда, а Тајлер Хикс, фоторепортерот од Њујорк тајмс ја раскажа вистинската приказна зад неа.
Фотографијата е направена за време на терористичкиот напад во трговскиот центар во Најроби, кој се случи минатата година. На неа се гледа една мајка со двете деца, како лежат на подот.
Храбрата и пожртвувана мајка им рекла на дечињата да лежат на подот и да се преправаат дека се мртви, а во ваква положба останале цели пет часа. Секој пат кога низ трговскиот центар одекнувале пукотници, таа им пеела песни на своите дечиња за да ги смири и да им го спаси животот.
За среќа сите тројца го преживеале нападот, благодарение на присебноста и пожртвуваноста на мајката. Ова е само една од најтрогателните фотографии за минатата година од терористичкиот напад кој го вознемири светот.