Шацимаркакис бара одземање на кандидатскиот статус на Македонија


Говореше македонски во Скопје, па во Грција се правдаше дека тоа не значи признавање на македонскиот јазик, го обвинија за препишан докторат, а сега барања поништување на нашата кандидатура. Европратеникот ги смени боите и на овие евроизбори ќе трча по гласовите на грчките, а не на германските гласачи како до сега, па се обиде да поентира на чувствителните националните прашања.

Sacimarkakis_EPГерманскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис преку неговиот извештај за работата на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, со писмо се обрати до претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, во кое сугерира дека ЕУ треба да ја смени политиката кон Македонија со повлекување на статусот земја- кандидат за членство во ЕУ.

Според него, Груевски наместо да ѝ помогне на земјата да напредува, тој ја враќа назад, нема слобода на изразување, има проблеми со соседите, но и со етничките зедници во земјата. Шацимаркакис во извештајот пишува за „проблемите кои постојат во односите ЕУ-ФИРОМ, а кои резултирале со откажување на половина од предвидените состаноци на комисијата“.

– Скопје има напредок на техничко ниво, но не и на политичко. Во Грција, знаеме какви навреди добивме во однос на културното наследство, но истото го започнаа и со друга соседна земја, со Бугарија, а неодамна почнаа да ги навредуваат и Албанците. И сега кога Груевски повторно ги доби изборите, сметам дека треба ние како Европска унија да ја промениме нашата политика – изјави Шацимаркакис за радиото Реал ФМ, по писмото испратено до Шулц.

„Сметам дека треба да се испрати една силна порака до премиерот Груевски и такво нешто би можело да се постигне со повлекување на статусот земја- кандидат за членство во ЕУ и да започне процесот од почеток, кога и земјата и ЕУ ќе бидат подготвени“, пишува Шацимаркакис до Шулц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1