Приказната за мајката и синот која ќе ве натера да заплачете


Ја мразев, беше срам за мене. Таа во моето училиште подготвуваше храна за учениците и учителите. Немаше едно око, беше измачена и збрчкана, многу скромно облечена во истото секој ден – немаштија. Јас пак бев спастрен речиси како и другите деца. Сега знам дека се што имала за мене давала. Еден ден дојде во класот да ме поздрави, а после тоа другарите и соучениците почнаа да ме исмеваат.

Само што не пропаднав во земја и посакав едноставно мојата мајка да исчезне. Кога повторно ја видов и кажав дека ме срами, и подобро е да умре! Мајка ми ништо не ми одговори, само немо ме гледаше. Не застанав ни момент да размислам за тоа што сум и го кажал, бев многу лут.Cry3

Бев незаинтересиран за нејзините чувства… Сакав да си одам од дома и никогаш повеќе да не ја видам. Учев многу, и така добив шанса да студирам во Сингапур. Таму се оженив, купив куќа, ми се родија и деца.. Бев среќен и задоволен од животот. Но еден ден во посета ми дојде мајка ми.

Не ме видела со години, а никогаш не ги видела ниту внуците. Се појави на врата. Моите деца почнаа да ја исмеваат… Па јас почнав да викам по нејзе: „Како си се осмелила да дојдеш во мојата куќа и да ми ги плашиш децата? Како само така не поканета си дошла? Оди си одма!“ Мајка ми само тивко изговори – „Простете, сум ја згрешила куќата“, и си замина… После неколку години добив писмо.

Повикан бев на годишнина од матура. Жена ми ја излажав дека ќе одам на службен пат. После прославата, од некоја љубопитност наминав до мојата родна куќа. Кога ме видоа соседите ми кажаа дека починала. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа само едно писмо, за кое ми рекоа дека е од нејзе…

-Сине мој, на тебе мислев цело време. Прости ми што дојдов во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго кога слушнав дека си успеал во животот. Жал ми е што сум те срамела. Кога беше мал, ти се случи една несреќа во која го изгуби едното око. Како мајка не можев да поднесам да израснеш со едно око.

Докторите те прегледаа и ми рекоа невозможно е да прогледаш. Тогаш јас ти го дадов едното око… Бев горда, знаејќи дека мојот син ќе гледа и ќе го види целиот свет за мене, со тоа око.

Со љубов,

Твојата мајка“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1