Машки труп во поодмината фаза на распаѓање пронајден е вчера попладнето во водите од прилепското Вештачко Езеро. Според документите кои биле пронајдени кај лицето, станува збор за 51-годишниот Гоце Ташковски. Телото, по налог на истражен судија, предадено е на обдукција, а според првичните медицински прегледи претпоставка е дела телото подолго време било во вода.
Телото, по налог на истражен судија, предадено е на обдукција, а според првичните медицински прегледи претпоставка е дела телото подолго време било во вода.
Неофицијално, Ташковски од негови роднини последен пат бил виден околу Нова година. Во Полицијата немало пријава за исчезнато лице кое би одговарло на описот на сега починатиот Ташковски. Со обдукцијата треба да се утврди дали станува збор за самоубиство или евентуално убиство, бидејки наводно во неговите џебови биле пронајдени камења. Безживотното тело крај брегот од Езерото било забележано од случајни минувачи кои веднаш пријавиле во Полиција.