Прилепчанец – единствен дегустатор на чоколада во Македонија и најмлад во Европа


Како е да ја имаш најслатката, професија на светот? Одговорот на ова го има Тихомир Пешовски од Прилеп кој е единствениот дегустатор на чоколада во Македонија и најмладиот во Европа. Моментално студира на Академија за слаткарство во Словенија, каде и работи. Освен што дегустира тој и сам прави чоколада, пренесува МТВ.

coko 2„Сите имаат претстава за дегустаторот дека седи постојано на маса и дека јади чоколада, но во принцип тоа е контролор на квалитет. Мојата работа се заснова на способноста да ги препознаам вкусовите. Кога го полагаш дегустарскиот испит ти ги затвораат очите и ти даваат чоколада, првиот начин за дегустација за да видиш за каква чоколада станува збор е тоа каков звук дава кога се крши“, вели Томислав Пешовски, дегустатор на чоколада.

За нас тој направи една чоколада.

Оваа чоколада секој од нас може да ја произведе во домашни услови, единствените состојки кои се потребни се какао, шеќер во прав и растителна маст. Се друго останува на вашата фантазија.

Едно од најпоставуваните прашања за него е – Дали е произведена најдобрата чоколада во светот?

„Лично немам одреден тип на чоколада која е најдобра се е тоа субјективно, прашање е на вкус кој каква чоколада сака да проба“, дадода Пешовски.

Секојдневно експериментирал за новите трендови со чоколада во светот.

„Чоколада со сол, доста интересна чоколада, кај малку позната, чоколада со чили која веќе влегува кај нас, потоа една од најдобрите чоколади кои сум ги пробал е чоколада со мед, потоа интересна комбинација е чоколада со вино“, истакнува Пешовски.

Моментално останува да работи во Словенија, но преговарал со Линд и Нестле во Швајцарија каде може наскоро да замине.

МТВ.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1