Распаднат женски труп вчера попладнето е пронајден во куќа на улицата „Браќа Ламески 1“ во Прилеп. Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, станува збор за 49-годишната прилепчанка Милка Наумоска.
– Соседите почувствувале непријатна миризба и повикале полиција. Полицијата го нашла распаднатиот труп и, според првичните сознанија, жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје – изјави Илиеска.
Според информациите братот рекол дека телото го чувал бидејќи немал пари за погреб
Обвинителството побара обдукција за да се утврди причината за смртта, а истрагата треба да покаже што се случило.