Прилепчаните и тетовското семејство се затруле со ист вид на печурка


Поради честите врнежи се појавија најразлични видови, но најмногу ја има зелената пупавка. Овој вид е двојник на младите шампињони од кои се затруле таткото и синот од Прилеп. Отровна печурка расте во букови шуми, но може да се прошири и да стигне до ливадите каде најчесто се берат шампињони. Токму од овие печурки истиов период лани се затру и 8 членото тетовско семејство.pecurka

Некои печурки се хранливи, антиоксиданти но некои и фатални. Експертите апелираат на претпазливост и да не се прават експерименти со животни, а берачите да се водат по лаички совети и предрасуди.

Печурки се продаваат и по тезгите. Пазарџиите обично нудат свеж вргањ или култивирани видови од кои нема опасност за труење. Ризични се дивите продавачи кои ги береле надвор од земјава. Најчесто носат од Албанија, која на европската карта на габи нема свој регистар.

По последниот случај на таткото и синот од Прилеп кои завршија на Токсикологија, од клиниката сведочат дека деновиве им доаѓаат граѓани кои набрале печурки, но сакаат лекарите да им потврдат дали се отровни или не пренесува сител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1