Прилепска болница: Не сме овластени да го коментираме случајот за починатото бебе


По објавување на сторијата за родилката Мери Стојаноска која обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување,стигнаа соопштение од болницата во Прилеп. Соопштението го објавуваме во целост.

Во текот на вчерашниот ден бевме контактирани од новинарката Менче Точи по телефон за и околу случајот на пациентката Мери Стојаноска и ја замоливме да се јави во денешниот ден да и дадеме податоци за случајот, но наместо тоа денес во вашиот ценет медиум беше објавена сторија под наслов Скандал во Прилеп.bebe prilep

Бидејќи за случајот е известена државна санитарна инспекција, која е надлежна за контрола на вакви и слични случаи и која по нејзин наод, по потреба испраќа и комисија за проверка на стручноста при работата ние како болница можеме само да дадеме хронолошки тек на настанатите кои се случија за и околу сучајот со почитуваната пациентка. Од 13.01.2015 година кога пациентката е дојдена во болницата за првпат до 26.01.2015 извршени се 10 контролни прегледи на кои секојдневно е следена ситуацијата со бремената пациентка.

На 21.01.2015 година на пациентката и е предложена хоспитализација која истата ја одбила со своерачен потпис во дневникот. На 26.01.2015 година пациентката повторно се јавила на гинеколошко акушерското одделение каде е хоспитализирана и е отпочнато со индуцирано раѓање во 10,30 часот. Во 16,25 часот пациентката е породена со машко дете од 4,200 грама. Породувањето е водено согласно со клиничките стандарди и патеки предвидени за ваков случај. Од 16,25 часот, кога е детето породено со абгар 2, после укажаната медицинска помош во 17,10 часот е транспортирано на клиника во Скопје исто така согласно со клиничките протоколи и патеки.

Бидејќи се работи за случај за кој е поткрената постапка пред санитарен инспектор ние како болница не сме овластени да коментираме за и околу случајот. Што се однесува до наводите од приватни болници за извршените медицински зафати во деновите после породот исто како и наодот на патологија мораме да ги чекаме резултатите од релевантни институции за да можеме да ја констатираме реалната состојба. Напоменуваме дека нашата болнциа е отворена и спремна на секаков вид стручна контрола и увид се со цел да се зголеми транспарентноста на секоја процедура извршена во болницата за добро на пациентите со надеж дека на тој начин ќе бидат што помал број натписи од типот на “спектакуларно, скандалозно и трагично”.

10bez10.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1