Примирје во Украина, почнуваат директни преговори


Украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата се договорија за примирје и почеток на директни преговори за завршување на кризата во земјата. Јанукович ова го соопшти на претседателската интернет страница по синоќешните разговори со трите главни опозициски лидери во Киев

dgfgПоранешниот министер за економија, Арсениј Јаценјук, кој учествуваше на средбата, во соопштението објавено на интернет страницата на неговата партија Татковина, пишува дека „упадот на Маидан(Плоштадот на независноста), кој властите го планираа за денеска, нема да биде спроведен“.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека примирјето меѓу украинската влада и демонстрантите „може да се одржи“, но дека во крајна линија Украина треба да се движи кон влада на национално единство и слободни и фер избори. Зборувајќи во Мексико, неколку часа по објавата на договорот за примирје, Обама рече дека на насилните судири меѓу владите и граѓаните во Украина и во Сирија не гледа како на „шаховска партија од Студената војна“ меѓу САД и Русија, објави Радио Слободна Европа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1