Полицијата ќе ја испита и улогата на принцезата Катарина Караѓорѓевиќ во случајот за собирање на пари за лечење на покојната Тијана Огњановиќ, објавува српски Курир.
Фондацијата на принцезата Катарина Караѓорѓевич учествувала во соб ирањето на пари за Тијана Огњановиќ и всушност тие ги уредувале трошоците за трансплантација на срцето да бидат намалени од милион долари на 750.000.
„Катарина Караѓорѓевиќ би требало наскоро да биде сослушана во својство на граѓанин во врска со предметот за собирање на пари за Тијана Огњановиќ. Нејзината фондација била вклучена во тој случај, а самата принцеза со болницата во Хјустон се договорила цената за трансплантација да се намали на 750.000 од еден милион долари“, вели изворот на српски Курир.