Живоиновиќ го откри ова за српските медиуми , а пренесува британскиот „Дејли меил” . Тој откри дека се запознал со Дијан во 1987 година, на еден прием во Бакингемската палата, пред почетокот на Вимблдон.Тврдењата на сопругот на Лепа Брена, поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ дека бил во врска со британската принцеза Дајана додека таа била мажена за принцот Чарлс стигнаа до британскиот печат и направија бум!
Боба, кој има 52 години, тврдеше дека нивната врската почнала на крајот на 1980-тите, кога принцезата го гледала како игра на Вимблдон, по што двајцата станале „екстремно блиски“.
-Во првиот разговор таа ме праша дали сум тенисер со најбрз сервис и јас и кажав да. Потоа секогаш ме прашуваше како е сервисот, и потоа почнавме да се гледаме. Таа беше прекрасна жена. Со неа можев да зборувам за сите работи и дури малите работи беа фасцинантни. Не сакам да зборувам за детали бидејќи таа веќе не е со нас. Можам само да кажам дека е одлично кога некој како неа ќе навива за тебе – изјави пуларниот Боба, кој прв пат се сретнал со Дајана во 1987 на Вимблдон.
Тој вели дека и неговиот најстар син Филип се сеќава на Дајана и дека не му верувал кога татко му го запознал и му кажал дека таа е принцеза.