Пронајдени илјадници необјавени композиции од Принс


Во сефот на неодамна починатиот американски музичар Принс, во којшто, како што се претпоставува, се чуваат илјадници необјавени композиции, го отвориле претставници на компанијата „Bremer Trust“, која доби времена дозвола за располагање со наследството на овој продуктивен музички гениј.prince

Принс, кој во кариерата издаде 39 студиски албуми и неколку десетици други музички проекти, според телевизијата ABC News, својата архива ја спомнал само еднаш во разговорите за медиумите, велејќи дека има толку многу дела, и оти се надева дека некој некогаш ќе ги издаде.

Претходно медиумите објавија дека оваа архива може да содржи повеќе од две илјади снимки. Попрецизни информации во врска со содржината на сефот на Принс, засега не се соопштени.

Бидејќи Принс не оставил тестамент, судбината на неговите аудио снимки не може да биде определена пред да биде решено прашањето со наследството на славниот музичар, а тоа може да се протегне во долга правна битка, забележува телевизијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1