Принцот Чарлс е потомок на Грофот Дракула (Видео)


Дали некогаш сте забележале некакво зло во очите на принцот Чарлс? Ако сте забележале, тоа е неајверојатно поради тоа што Принцот од Велс, најверојатно е потомок на грофот Дракула. Романија го користи сродството меѓу принцот и Дракула – некогашниот романски владетел со цел да привлече што поголем број на туристи.


Романската Национална Туристичка канцеларија објави промотивни видео материјали и брошури, кои се користат за зајакнување на врските меѓу британсктото кралско семејство и Грофот Дракула, со цел да се зајакне туризмот во Трансилванија и остатокот од земјата.


Трансилванија е позната како земја на грофот Дракула, кој во популарната фикција ја пие крвта на жртвите и се претвора во лилјак. Илјадници туристи го го посетуваат замокот Бран каде што живеел Дракула, со цел да се запознаат со неговата суровост која што како што се зборува во некои легенди, е поврзана со британското кралско семејство.

И самиот принц Чарлс во едно интервју направено минатата година призна дека имал корени од Дракула.
Во видеото за трагите на предците на Принцот Чарлс, самиот тој зборува за неговото темно и далечно минато од Романија и за неговата поврзаност со 15 владетел на влашкото кралство. Во книгата на Сер Иан Монкриф објавена во 1982 година, тој е претставен како 16 правнук на Дракула.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1