Принцот Филип ја изневерувал кралицата каде што ќе стигнел


Неколку пати биле на чекор до развод, но кралицата Елизабета Втора (89) и Војводата од Единбург, принцот Филип (94) по некое чудо останале заедно 68 години во брак, наспроти неговите бројни неверства, пишуваат британските медиуми.Princ Filip5

Во новиот документарец на „Би-би-си“ кој ќе биде прикажан оваа недела, поранешната послуга на кралското семејство открива дека 94-годишниот принц бил голем женкар и дека имал сериозни проблеми со алкохолот, јавува „Дејли меил“.

Во документарецот се вели дека принцот Филип толку многу не ја поднесувал неговата тешта, мајката на кралицата Елизабета Втора, што во текот на една студена зима, тој на своите слуги им наредил да го исклучат греењето во собата на Кралицата Мајка во Бакингамската палата. Целта му била да ја истера од палатата и успеал во тоа, но по една недела.

Ова е само дел од приказната за овој контроверзен човек, член на британското кралско семејство и сопруг на кралицата Елизабета Втора.

– На почетокот на нивниот брак, во 1956 година принцот Филип одвел непозната жена на крстарење со кралската јахта „Британија“. Филип и Елизабета биле на чекор да се разведат – откриле поранешни членови на послугата во палатата.

Оттогаш тој не се впуштал во љубовни врски, но постојано имал незадолжителен секс и авантури на страна. Во документарецот се ввели дека кралските официјални лица биле во паника откако се прошириле гласините дека принцот Филип имал афери и дека ја изневерувал кралицата. Аферите биле негирани и не постоел доказ да се потврдат.

Принцот Филип наводно имал чести вечерни пијанки со ѕвездите Петер Устинов и Давид Нивен додека се забавувале со танчерки во еден приватен клуб за мажи во Сохо, се наведува во документарецот.

– Тоа беше бегство за принцот и неговите пријатели. Тој и другите мажи се однесуваа како плејбои. Разголените девојки и танчерки раскажуваа за нивните луди ноќи – открил историчарот Пирс Брендан кој зборувал за разузданиот живот на принцот Филип.

Целта на овој документарен серијал е да ги истражува скандалите, трагедиите и триумфите, кои се случувале во 60 -годишното владеење на кралицата Елизабета Втора, и да фрли поглед во идното владеење на принцот Чарлс.

Принцот Филип е познат по своите чести гафови, несфатена смисла за хумор и политички некоректни вицеви.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1