Принцот Хари ќе се жени со својата девојка, американската актерка Меган Маркл, објави принцот Чарлс, пренесе Би-би-си. Според најавите, свадбата ќе биде следната пролет, а двојката ќе живее во замокот Нотингем во Лондон.
Двојката, која е заедно од 2016 година, се сврши претходно овој месец.
Во изјавата принцот Хари рече дека е „воодушевен што објавува” за убавата вест и за добиениот благослов од родителите на неговата идна сопруга.
Само кралицата и „другите блиски членови на неговото семејство” во почетокот знаеле за нивната свршувачка, која се одржа во Лондон.
Според официјалното соопштение, деталите за денот на свадбата ќе бидат објавени во догледно време.
Принцот Хари и Маркл го имаат својот прв јавен настап како двојка во септември годинава.