Принцот Хари: Кралицата ја гледам како шеф, а понекогаш како баба


Додека неговиот брат Вилијам и Кејт Мидлтон се наоѓаат во Индија, принцот Хари ги извршува должностите дома.

Неговата баба, кралицата Елизабета Втора го просави нејзинот 90-ти роденден, по кој повод беше снимен документарниот фил „Elizabeth At 90 – A Family Tribute“, во кој Хари изјави нешто што привлече многу внимание.hari500

– Се уште ја гледам како кралица, а помалку како моја баба. Имате голема почит кон својот шеф, а јас секогаш ја гледав како свој шеф, а поретко како баба – изјави принцот Хари.

Принцот Хари некогаш важеше за „непослушно дете“ на кралското семејство. но кралицата Елизабета Втора му ги прости големиот број скандали, со кои го посрамоти кралското семејство.

Првиот скандал го направи на 16 години со користење марихуана, поради што неговиот татко принцот Чарлс го испрати во клиника за одвикнување. Но, тоа не го спречуваше во следните години повеќепати да биде снимен од папараците како во раните утрински часови пијан излегува од лондонските ноќни клубови.

Еден, секако од најголемите скандали се случи, кога принцот на еден маскенбал се појави во нацистичка униформа. Хари потоа се извини, но во 2012 година следеше нов, кога се појавија фотографии на голиот принц како се забавува со голи девојки во хотелската соба во Лас Вегас.

Но, изгледа лошите денови и лудите забави се зад него, затоа што принцот се смири, но се уште не ја пронајде неговата принцеза. По бурната седумгодишна врска со Челзи Дејви и кусата авантура со уште една атрактивна русокоса, Кресида Бонас, се појавија гласини дека Хари „и фрлил око“ на 19-годишната грчко-данска принцеза Марија, но таа вест никогаш не беше потврдена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1