Шизофреничар донор на сперма, измамил 26 семејства, a зачнати се 36 деца


Донор на сперма од американската држава Џорџија, со чијашто сперма се зачнати 36 деца измамил вкупно 26 семејства изнесувајќи лаги за својата здравствената состојба во својот профил во банката за сперма. Крис Ејгелс (39) во својот профил напишал дека е сосема здрав, освен што татко му бил далтонист, и дека во моментот го довршува својот докторат по неврологија. Но, во 2014 година Анџела Колинс и Маргарет Елизабет Хенсон од Порт Хоуп во Онтарио, откриле дека Крис, чиешто вистинскот име е Џејмс Кристијан Ејгелс, страда од шизофренија и има криминално минато поради кое отслужил и затворска казна. Исто така, бил исфрлен од факултет и не успевал да пронајде постојана работа. Освен шизофренија, му било дијагностицирано бипорално и нарцисоидно нарушување на личноста.asian-nurse-holding-up-bottle-of-donated-sperm

Од неговата сперма се создадени 19 момчиња и 17 девојчиња од 26 семејства. Ненси Херш, застапничката на измамените семејства, верува дека тие не се единствените во оваа монструозна измама. Ејгелс својата сперма ја продавал во банката за сперма „Кситекс“ помеѓу 2000 ии 2014 година. Една од измамените жени, 45-годишната учителка Анџела Колинс рекла дека ѝ било физички лошо кога дознала дека животот на нејзиниот син, зачнат од спермата на Ејгелс, во пубертет би можел целосно да се промени. Таа и нејзината партнерка Елизабет планираат да покренат тужба против клиниката „Кситекс“ од Торонто, а во правната битка ќе им се придружат уште неколку канадски семејства. Тужбата ќе вклучува измама и немарно и погрешно претставување. Клиниката негира дека воопшто направила нешто неисправно, а нивниот адвокат најавува судска борба.

Анџела и Ненси се надеваат дека ќе успеат да ја принудат банката за сперма и владата да го промени законот и да донесат нови правила.
– Сегашната состојба е таква така што само доколку имате среќа донорот на сперма би биде нормална здрава личност, а не тестирање, регулативи и закони – рекла Анџела Колинс.

Од „Кситекс“ велат дека спермата на сите донори се тестира на разни заразни болести, вклучувајќи и на ХИВ, хепатит Б и Ц, како и на сифилис, а вклучени се и физички и психолошки испитувања на донорот. По новите одредби на канадското Министерство за здравство, вклучено е и задолжилтелно тестирање на кламидија и гонореја. Донорите исто така мора да пополнат исцрпен прашалник кој открива многу за личната и медицинската историја на поединецот. Донорот се подложува и на генетско тестирање на разни болести.

Анџела вели дека го одбрала донорот со број 9632, бидејќи ѝ изгледал како машка верзија на нејзината партнерка. Токму како нејзината партнерка, опишаниот маж во својот профил рекол дека е синоок, интелигентен и талентиран за музика. Во профилот на донорот 9632 пишувало дека станува збор за личност со коефициент на интелигенција 160, наскоро дипломиран научник за неврологија кој го подготвува дипломскиот труд за вештачка интелигенција. Исто така, пишувало и дека е меѓународно признат тапанар. Во делот на прашалникот што се занимава со здравствената состојба, мажот на сите прашања за можните болести на блиските роднини одговорил негативно, освен што рекол дека татко му е далтонист. Исто така, и на прашањето за шизофренијата и манијакалната депредија одговорил со „не“.

Во аудиинтервјуто, советник на клиниката „Кситекс“ го нарекува „совршен донор“. Во понатамошниот разговор наведува и дека зборува пет странски јазици и дека месечно прочитува до пет книги.

Анџела Колинс е оплодена со спермата на Ејгелс во процесот на вештачко оплодување во Торонто, а синот го родила во јули 2007 година. За вистинскиот идентитет на таткото на своето дете дознала во 2014 година кога „Кситекс“ објавила дека дошло до протекување на податоци. Благодарение на сопствената истрага, жените дознале кој навистина е донорот 9632, дека е исфрлен од факултет и ситен крадец и дека осум месеци поминал во затвор и е осуден на уште 10 години условно. Очувот на Ејгелс рекол дека почнал да страда од психотични епизоди кога имал околу 19 години, но дека пред тоа бил бистар студент кој дури добил и стипендија од Универзитетот Џорџија. Но, стресните ситуации и недостатокот на адекватна лекарска грижа довеле до зачестени психички нарушувања. Мајката на Ејгелс на судењето за грабежот рекла дека нејзиниот син има тешкотии во извршувањето на двете работи што ги имал. Но, ги потврдила неговите подоцнежни наводи дека дипломирал и тоа на тема вештачка интелигенција и дека во слободно време свира тапани во еден инди рок бенд.

Измамените жени бараат банката за сперма да спроведува потемелни проверки на своите донори посебно поврзани со менталните заболувања, криминалното минато и образованието. Тие ќе бараат и новиот правилник да се однесува на донорите на сперма и јајце-клетки, како и на сурогат мајките.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1