Принцот Хари не е син на Чарлс – Поранешен британски офицер тврди дека Хари е негов син


Поранешниот британски офицер Џејмс Хјуит (56) повтрдил дека еден од најголемите трачеви поврзани со британското кралско семејство е тоа дека принцезата Дијана дури 5 години била во врска со него, а покрај тоа навел дека принцот Хари (30) е всушност негов син, а не на принцот Чарлс.

Таа информација Хјуит му ја открил на Џон Конвеј, автор на новата претстава која содржи низа интервјуа со луѓето кои биле блиски со принцезата Дијана која настрада во сообраќајна несреќа во август 2007 година, а ќе се обелоденат многубројни тајни на кралско семејство од периодот кога таа се уште била жива30122014174338_dajana

Конвеј тврди дека Дајана имала љубовна афера со Хјуит, 18 месеци пред да се роди Хари, потенцирајќи дека младиот принц има изразито руса коса, повеќе слична на Хјуит кога бил млад, отколку на татко му Чарлс, како и дека принцот повеќе личи на љубовникот на мајка му.

Контроверзната претстава, чија премиера во лондонскиот Вест Енд, е закажана за 9 јануари, сугерира дека Хари е дете на еден од љубовниците на починатата „народна принцеза“, некогашниот офицер на Кралската коњаница, Џејмс Хјуит.

Конвеј вели дека поминал две години повремено разговарајќи со Хјуит, додека го правел текстот и дека од него добил многу „отворени објаснувања“ и признанија.

hari-carls-540x320

Во една реплика на сцената, Хјуит ќе рече: „Дајана и јас имавме љубовна врска една година пред раѓањето на Хари. Тоа не докажува дека јас сум му татко, туку дека тоа е една непобитна вистина“.

Ова не е прв пат да се покрене прашањето за „татковството“ на принцот, особено откако во средината на 90-те години на 20-от век, неколку години пред загинувањето на Дајана, беше јавно обелоденето дека Хјуит бил еден од нејзните поранешни љубовници.

Новинари од некогаш најтиражниот неделник-таблоид „Њуз оф д Ворлд“ тврдат дека приказната на Конвеј е лажна и дека уште во 2003 година во направениот ДНК тест, со земен прамен од косата на Хари, е утврдено дека Хјуит не е таткото.

Во едно интервју во 2003 година, Хјуит вели дека Дајана и тој имале љубовна афера во 1986 година, кога Хари веќе имал две години.

– Луѓето велат дека Хари и јас личиме, но јас не сум неговиот татко, рече тогаш Џејмс Хјуит.

Според лондонските медиуми, дилемата е дали тој ја зборувал вистината тогаш или пак сега, во разговорите со Конвеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1