Мистерија: Летал на висина од дури 36.300 метри и едноставно исчезнал!


Изчезнатиот авион е трето летало на малезиските авио-компании кое оваа година исчезна од радарите.

Познато е дека западните разузнавачки агениции и владини функционери од многу земји често се фаќани во лага во врска со исчезнувањето на претходните два малезиски авиони (МН370, од кој нема ни трага ни глас од 8. март кога исчезна, и МН17, кој беше соборен кон крајот на јули во Украина). Затоа сега сите се потсетуваат на многуте други исчезнувања на авиони кои се уште се неразјаснета мистерија.

AirAsia500

На социјалните мрежи на големо кружат приказни дека радарот за контрола на воздушниот сообраќај покажувал дека авионот на „Ер Азија“ летал на висина од 36.300 метри – и дека продолжил да се качува – но со брзина од само 353 чворови, што е значително помалку од вообичаената. Ако тоа е точно, тогаш имаме уште една мистерија. И додека спасувачите продолжуваат со потрагата на објектите кои австралиски дрон ги сними во Јаванското море, еве неколку теории кои веќе се појавија во многу западни медиуми и социјални мрежи:

НЕВРЕМЕ

Пилотот побарал да ја зголеми висината на летот пред авионот да исчезне од радарот, наводно, како би го избегнал лошото време. Капетанот Мајк Вивијан, експерт за воздухопловство, вели дека бурата може да се појави како неколку илјади метри висок столб од кој грми, што може да предизвика тешка штета на авионот. Сепак, лошото време не е реткост во тоа подрачје и пилотите се обучени да се носат со тоа. Освен тоа, Вивијан додава дека сепак малку е веројатно авионот да исчезне во бурата на толкава висина.

ПРОБЛЕМИ СО МРАЗ

Теориски гледано, на големи висини авионот може да влета во ледени врнежи и бура и поради тоа да падне, вели пилотот Реј Карам Синг, кој добро ги познава условите над Јаванското море. Но, тој вели дека невозможно е пилотот на малезискиот авион да се нашол во такви околности.

АВИОНОТ Е СОБОРЕН

Пилотите на авио-компанијата „Ер Азија“ одржуваат комуникација со контролата на летот цело време, вели Дејвид Лимаунт, оператор за безбедност на летот. Пилотот е обучен истовремено да пилотира и да извршува навигација и комуникација. Индикативно е тоа што комуникацијата со контролата на летот престанала токму кога авионот исчезнал од радарот.

„Очигледно нешто го свртило нивното внимание, така што повеќе не можеле да се посветат на разговор со контролата. Ние не знаеме што се случило во тој момент, но ништо не укажува на тоа дека некој намерно го срушил авионот“, вели Лимаунт.

ГРЕШКА НА ПИЛОТОТ

Индонезискиот пилот бил многу искусен – имал 20.000 часа лет, вели шефот на воздухопловната компанија Тони Фернандес. Од тој импозантен стаж за „Ер Азија“ летал 7.000 часа, што значи дека добро ги познавал условите на рутите на таа авио-компанија. Затоа експертите мислат дека падот на авионот не може да биде грешка на пилотот.

ГО КИДНАПИРАЛЕ ВОНЗЕМЈАНИ

На оваа можност укажуваат само истражувачите на паранормалните појави. Засега се уште никој не ја образложил оваа теорија во врска со QZ8501, но истражувачите на НЛО велат дека има многу нејаснотии кои ја создаваат мистеријата за исчезнатиот авион, а нема ниту едно логично објаснување. Истражувачите на НЛО велат дека токму недостатокот на логични објаснувања укажува на тоа дека се вмешале вонземјани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1