Турција ни даде два милиони тапии за имот од времето на Османлиите


Над 2 милиона турски тапии од турскиот катастар за имотите во Македонија за периодот од 1847 до 1912 година му се предадени на македонскиот катастар, од кои досега се преведени 1.100 тапии. Очекувањата се да се дојде до податоци од историска важност што би користеле за денационализација или за докажување сопственост на суд.

tapii turci

Тапиите од времето на Османлиската Империја, укажа, се пандан на денешните имотни листови. За добивање на тапиите издавани од Османлиската Империја од 1847 до 1912 година Агенцијата за катастар на недвижности во 2012 година склучи меморандум за соработка со турскиот катастар.

Службите на Агенцијата за катастар на недвижности годинава примиле 1,2 милион предмети и од нив решиле дури 99,85 проценти. Наредната година се очекуваат над милион предмети и исто така да бидат решени во законски утврдените рокови

Од април идната година катастарот планира да го стави во функција и дистрибутивниот систем преку кој ќе се овозможи граѓаните и бизнис-заедницата по електронски пат од дома да обезбедат имотен лист, копија од катастарски план, уверение за движење на имотот, како и други документи.
Од мај в година, пак, ќе се воспостави владиниот геопортал за националната инфраструктура на просторни податоци со кој ќе се поврзат 17 државни институции, а нивните геопросторни податоци ќе бидат достапни за граѓаните и за бизнис-заедницата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1