Принцот Вилијам го посети Ѕидот на плачот и гробот на својата прабаба


Принцот Вилијам денеска пред враќањето во Лондон ги посети светите места во Ерусалим и гробот на својата прабаба, јавуваат агенциите.

Принцот прво ја посети Маслиновата гора, по што отиде и на гробот на својата прабаба, принцезата Алиса, која ги спасувала Евреите за време на холокаустот, нведуваат агенциите.

Вилијам го посети и Ѕидот на плачот. Во книгата кај Ѕидот на плачот ја напиша следната порака:

– Нека Богот на мирот го благослови овој регион и целит свет со мир.

Британскиот принц денеска ја заврши посетата на Блискиот исток.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1