Поради патник со лошата миризба принудно слетал авион – патникот подоцна починал


Рускиот музичар Андреј Сучилин предизвикал принудно слетување на авион на компанијата Трансавија, поради неподносливата миризба која се ширела од него.

– Мирисаше како да не се избањал со недели. На неколкумина патници им се слоши – изјавил еден од патниците во авионот.

Поради тоа, авионот морал да слета во Португалија, а на Русинот му била укажана и лекарска помош. Се покажало дека тој на летувањето на Канарските Острови, добил инфекција што му предизвикала некроза (предвремено умирање на клетките), и тоа било причина за смрдеата.

Кога ја откриле, инфекцијата веќе имала зафатено голем дел од неговото тело, па подоцна, 58-годишниот Сучилин и починал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1