Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соопшти денеска дека еден нејзин припадник загинал откако патролното возило, во кое се наоѓал, преминало преку мина во источниот дел на Украина, што е под контрола на проруските сили.
Министерот за надворешни работи на Австрија и претседавач на ОБСЕ Себастијан Курц, наведе на неговиот Твитер налог дека ова е „трагична вест“ за Украина.
ОБСЕ наведе дека е повредено уште едно лице.