Природна свеќа без восок од мандарина (Видео)


cut designНаправете миризлива  свеќа сами  од мандарина и  масло.  

Вака ќе сте сигурни дека не е полна со хемикалии, прекрасно мириса, не чини ништо бидејќи корката од мандарините и онака би ја фрлиле. Трае од 30 мин до 1 час

Пред да ја излупите мандарината расечете ја кората на средина со нож.

Потоа внимателни извадете ја содржината – ова е лесно доколку полека ја отргнувате корката.

Внимавајте долниот дел треба да ви остане што поголем белиот дел кој е како врвка бидејќи тоа ви е фитилот.

IMG_0002DSCF5029Откако ќе добиете два ,, сада,, во оној каде е фитилот ставете масло.

Маслиново е подобро но тоа брзо се впива во самата кора па можеби е добро да додадете и малку обично масло за готвење. Потпалете го фитилот ( најдобро со кибрит или стапче бидејќи му треба неколку секунди за да почне да гори) и потоа уживајте во природната аромотерапија во вашиот дом.

wickIMG_7505_zps00f12376

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1