Природни лекови против камен во бубрег и бешика


Многумина се мачат со камен во бубрегот или со болка на бешиката. Постојат неколку доста ефикасни, природни методи на лечење.

Лечењето на камен во бубрегот можете да го пробате на начин на кој што во пола литар вода ќе ставите 30 до 35 зрна сув  плод „љоскавец“. За време на тој период ја оставате тавата на тивок оган, се додека водата не загрее околу 10 до 15 минути. Овој пијалок треба да исцеди и да се испие по една чаша неколку пати на ден.

Третманот на лечење на камен во бубрег со калинки. – Две лажици диви калинки истурете ги во еден литар зовриена вода и оставете ги да отстојат 8 до 10 часа покриени со капак, да се оладат. Потоа додадете 4 лажици домашен мед и сок од пола исцеден лимон. Пијалокот се пие по три пати на ден, по една чаша пред јадење.

Корен 60 грама, боровница по 10 грама, коприва и урна по 20 грама, лист од дива круша 30 грама. Оваа смеса се промешува и со 8 лажици се ставаат во еден литар вода и се остава да отстои преку ноќ. Во утринските часови се става на оган да зоврие и веднаш течноста се исцедува. Се пие наутро и навечер по еден литар.

Каменот од бубрег може да се отстрани и со сок од црна роквица, кој треба да се нариба и да се остави да отстои 2 до 3 часа. После тоа сокот силно се исцедува и се пие трипати дневно по пола децилитар. Се пие 20 до 30 дена, после тоа каенот исчезнува.

Во литар добро бело вино ставете 3 лажички бршлен и 3 лажички божествено дрво, кое што се остава да отстои 2 до 5 часа. После тоа треба да се исцеди и да се додаде 400 грама маслиново уље. Се пие трипати дневно, пола саат пред јадењето. Пред употреба треба добро да се протресе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1