Си го убил колегата лечејќи го од икање


Американски војник по грешка засекогаш престанал да ика. Американскиот војник  Патрик Мајерс (27) од Атланта е обвинет за убиство од небрежност бидејќи случајно го убил својот колега Исак Јанг (22) обидувајќи се да го исплаши со цел да престане да ика.

Убиството се случило неделата навечер во воена база во Fort Hud, a двајцата војници претходно испиле големи количини алкохол и гледале американски фудбал.
-На жртвата ја мачело икање, а осомничениот го извадил пиштолот и го вперил во главата на жртвата за да го исплаши. Но, поради невнимателно ракување пиштолот испукал, а куршумот ја погодил жртвата во лице, рекла потпаролката на полицијата во Килен, Тексас. Војникот Исак Јанг починал на пат кон болницата, а против неговиот колега е покренато обвинение за убиство од небрежност.

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1