Приштина ги ослободи Демири и Исмаиловиќ обвинети за „Монструм“


„Коха“ објави дека првообвинетите во „Монструм“ се пуштени од Косово откако било заклучено дека се неиздржани аргументите на обвинителството за сериозните кривични дела за кои се товарат Исмаиловиќ и Демири во Македонија.

Адвокатот на двајцата обвинети, Бесник Бериша, потврдил дека биле пуштени од затвор еден ден пред истекувањето на казната од 2013 за незаконско поседување оружје.demiri i ismailovikj smilkovsko ubistvo

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осудени на доживотна казна затвор за убиството на четирите момчиња и рибарот и според Судот тие се едни од извршителите на убиството. По откривањето на сторителите, Африм и Алил во Косово беа осудени на две ипол годишна казна затвор за нелегално поседување на оружје.

Од Министерството за правда немаат одговор до каде е екстрадицијата на осудените во Монструм и бараат новинарите да им пратат и мејл со прашања за да им одговорат дополнително.

Инаку, Маскарот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток. Од само метар и половина, брутално е стрелано во тинејџерите Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45). За овој грозоморен чин, Обвинителството ги обвини Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди, а Хаки Азири беше обвинет за помагање по извршено дело тероризам.monstrum1

Првостепената пресуда донесе шест казни доживотен затвор и една ослободителна пресуда, но незадоволство од текот на судењето и од висината на изречените затворски казни се прелеа на улиците. Роднини и пријатели на осудените со денови протестираа пред Основниот суд Скопје 1, а некои од протестантите поради насилство завршија в затвор.

Кон средината на декември 2015, Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепнета пресуда за убиството на четирите момчиња и на средовечниот маж. На Демири и на Исмаиловиќ им се судеше во отсуство. Тогаш беше нејасно дали, како и кога би се испорачале бегалците, иако се знаеше дека „казната во Косово истекува набрзо“.ubieni deca smilkovci

По пресудата на Апелација, родителите истакнаа дека „високи функционери се замешани во ’Монструм’“. Побараа случајот „Монструм“ да го преземе специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Тоа го побараа и разни политички партии и функционери, особено откако „Монструм“ беше најавен дека ќе биде презентиран низ една од опозициските „бомби“, што фрли дополнитени соммежи врз целиот процес.

Од друга страна, барање „Монструм“ да го разгледува Специјалното обвинителство стигна и од адвокатите на обвинетите, кои, пак, сметаа дека пресудата нема доволно докази и дека дел од нив се местени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1