Приштина ја крева рампата за македонските производи, јавија косовските медиуми


Косово до утре изутрина ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио телевизија и Косовапрес, пренесува Сител.

kosovoВо Скопје денеска е косовскиот вицепремиерот Хајредин Кучи на средби со македонски владини претставници со цел да се надминат несогласувањата.

Претходно, македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини изјави дека очекува проблемот со Косово да биде решен денеска.

– Изнаоѓањето решение е врвен приоритет на владите на двете земји и треба да се случи. По средбите што ги имавме во Приштина со министерот за трговија и финансии, сметам дека работите се движат во вистинска насока. Дијалогот е почнат, создадени се услови за отпочнување на процес кој треба да придонесе до заемно прифатливо решение за двете страни. Денешната средба на високо владино ниво треба да резултира со конечно решавање на проблемот, изјави Сарачини.

Косово изминатиот викенд воведе забрана за увоз на македонски производи, на што македонските власти одговорија со наплаќање такси за влез на косовските граѓани и возила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1