Вдовицата Присила Присли, поранешната сопруга на Елвис Присли е последна од листата на познати кои ја напуштиле саентологијата, кој претставува религиски култ основан од авторот на научна фантастика Л. Рон Хубард. Тој успеал да ги привлече Том Круз, Џон Траволта, Елизабет Мос и многу други.
Некогашната сопруга на Елвис Присли станала член од култот од 1977 година, откако Елвис починал. Таа сакала и претходно да биде дел од саентологијата, но Елвис полудел кога дознал колку пари чини тоа. Години подоцна Присила ја напуштила оваа секташка заедница.
Тој ѝ забранил да има било каква врска со нив, а Присила во 1977 година го исконтактирала Џон Траволта, кој ѝ го претставил тој свет. Таа ја израснала и својата ќерка Лиса Мари во таа заедница. Лиса Мари се откажала од саентологијата уште пред три години, а тоа била и една од главните причини за одлуката на Присила сега.
Имено, кога некој ќе излезе од оваа заедница, на членовите од сектата им е забрането да комуницираат со тие лица, вклучувајќи го и семејството.
“Рече дека не може да издржи и дека ѝ е доста од се. Ја напушти заедницата откако разговарала со својата ќерка. Тоа е семејна одлука”, велат нивни пријатели.
Од саентологијата излегле и Деми Мур, Пол Хагис како и глумицата Леа Ремини која исто така била дел уште од кога била дете.