Пристигнаа анализи за „Охис“: Траги на метил акрилат мономер забележани во цевките, но не и во воздухот


Во воздухот нема отровни супстанци, покажаа анализите на штипскиот универзитет, по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги на метил акрилат мономер биле забележани во цевките на цистерната.

Од Министерството за здрава и животна средина денеска пред новинарите соопштија дека оваа токсична хемикалија не испуштила никакви супстанци надвор во воздухот и смируваат дека граѓаните се безбедни.

Оттука велат дека нивни инспекциски служби постојано моноторираат во ОХИС и досега биле извршени четири контроли, пришто било утврдено дека препакувањето и транспортпот на опасни материи се врши согласно критериумите.

Од Министерството не одговорија дали имаат 24-часовен надзор за состојбата во ОХИС, но рекоа дека тоа е приватна компанија и тие се надлежни да се справат со отпадот кој се наоѓа во кругот на фабриката.

Додаваат дека во фабриката со години има стар отпад кој се чува во кородирани буриња од најмалку 10 опасни материи за коишто треба да се изврши, како што рекоа, категоризација на отпадот, бидејќи составот не е познат оти низ годините натписите се оштетиле.

Сепак од Министерството смируваат дека за ова има строго пропишани стандарди, според кои ќе се врши извозот и уништувањето на отпадот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1