Присутни 411 од вкупно 544 делегати на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој што денеска и утре се одржува во Валандово присутни се 411 од вкупно запишаните 544 делегати, заклучи верификационата комисија на Конгресот. Тоа е доволен број на делегати за одржување на Конгресот според Статутот на партијата, објави А1он.

Во салата во Валандово не се присутни потписниците на писмото со кое што се бараше одложување на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и зголемување на бројот на делегати.

Присутните делегати со извикување „Никола, Никола“ му се заблагодарија на досегашниот лидер на партијата, Никола Груевски за неговата пожртвуваност и сè што направил за ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1