Популарната старлета Милица Живановиќ, најпозната како Мими Оро, е уапсена поради проституција, пишуваат српските медиуми.
Со неа се уапсени уште седум девојки, кои исто така се осомничени за проституција, како и момче за кое се сомнева дека е макро.
– На Милица според решението на судијата за прекршоци веднаш и бил одреден притвор од осум дена и таа е префрлена во КПД во Падинска Скела. Истата казна им е изречена и на останатите девојки“, кажа извор запознаен со акцијата на апсењето.
Старлетата во една ТВ емисија на прашањето „која е најголемата птица“ одговорила „оро“. А зборуваше и за проституција.
„Постои проституција воопшто и на естрадата, меѓу познатите луѓе“, изјави Мими, а потоа наведе дека имала „непристојни понуди“. И силиконската кралица Тијана Ѓуричиќ во април била апсена поради проституција.