На четворицата демонстранти кои добија кривична пријава поради насилно однесување на протестите пред Владата им е одрдена мерка притвот во времетраење од осум дена.
-Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а со цел да се обезбеди непречено одвивање на истрагата од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Предлог за определување мерка „притвор“ против сите четири осомничени лица, поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред, се вели во денешното соопштение од скопското Јавно обвинителство.