Притвор за силувачот на малолетничка од Кочани


Сторителот делото го сторил на 14 јули 2016 година, врз малолетно девојче, кое го принудил на обљуба два пати за кус временски период, со што извршил продолжено кривично дело Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Основното јавно обвинителство.zatvor kjelija

-Поради стореното, Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот. Земајќи ја во предвид запретената казна за ова кривично дело која е најмалку десет години казна затвор, како и сметајќи дека постојат услови за бегство на осомниченото лице, дека е можно да го повтори делото и да влијае на сведоците, обвинителството предложи до надлежниот суд определување на мерка притвор, се вели во соопштенито.

Предлогот беше прифатен и со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од 30 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1