НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава за Б.П. (68) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете што не навршило 14 години.
Пријавениот во период од околу три месеци, во повеќе наврати, во просториите на стрелачки клуб лоциран во подрумските простории на гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, како тренер вршел полови дејства над тринаесетгодишно девојче.
Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.