Притвор за велешанец кој со секира ги нападна комшиите и уби жена


Кривична пријава за сторени убиства и нанесување тешка телесна повреда му се поднесени на 65-годишниот велешанец И.Ј кој вчера со секира ја усмрти својата сосетка и тешко го повреди нејзиниот син. На И.Ј. одреден му е и 30 дневен притвор.noz

На 05.04.2017 година околу 11,00 часот во Велес, на ул.„Методија Андонов Ченто“ по претходна расправија, И.Ј. насилно влегол во домот на Р.Т.(65) и нејзиниот син З.Т.(46), при што на З.Т. му нанел повреда со нож во пределот на раката, а на Р.Т. со секира и нанел повреда во пределот на главата. Р.Т. во критична состојба е пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде во 14 часот истата починала, а на З.Т. укажана му е лекарска помош во Медицински центар Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1