Приватните автобуси ќе возат за 25 денари до Нова година


Градот Скопје повторно го одложи почетокот на интегрираната електронска наплата на возни билети во јавниот градски превоз.

По барање на приватните автобуски превозници, градскиот совет одлучи електронската наплата за превозниците од „Макекпрес“ и „Слобода превоз“ да важи од 1 јануари 2017 година.avtobus

За разлика од нив, ЈСП-Скопје од 1 септември годинава целосно ќе ги укине хартиените билети. Патувањето со автобус кај нив ќе се наплатува со електронската картичка „Скопска“, преку мобилен телефон или со купување на билет кај возачите на ЈСП, пишува Билд.

„Причината за одложување на интегрираната наплата меѓу ЈСП и приватните превозници се неодамнешните поплави во Скопје, кои довеле до оштетување на 45 автобуси на приватните превозници. До 1 јануари ќе треба сите превозни средства да бидат доведени во состојба за наплата на билети единствено со електронска картичка. Кај приватните превозници дотогаш еден билет ќе продолжи да се наплаќа 25 денари. Градските власти веќе информираа дека градските линии веќе се распределени меѓу приватните превозници и ЈСП-Скопје, додека оперативниот контролен центар на ЈСП со помош на автоматската локација на возила ќе контролира дали сите превозници се придржуваат на возниот ред“, пишува Билд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1