Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.
Како што јави АФП, истрагата се води околу сомнежите дека за време на претседателските избори во Франција во 2007 година, кампањата на Саркози била илегално финансирана од Либија. Во 2014 година, француската телевизија Франце-3 кренала прашина откако била емитувана видео-снимка од разговорот до Муамер Гадафи. Покојниот либиски лидер тврдел дека во 2007 година ја финансирал претседателската кампања на Саркози.
Распитот на Саркози се спроведува неколку недели откако во врска со истата истрага во Лондон беше уапсен неговиот поранешен соработник Александар Џури. Џури подцна беше ослободен со кауција.