Доживеал срцев удар па цистерната тргнала наназад – детали за трагедијата во Македонија


Во 16 часот и 50 минути на магистралниот пат Делчево-Граничен премин Делчево, на возачкото место во кабина на влекач “Волво“ со велешки регистарски ознаки со цистерна со велешки регистарски ознаки, бил пронајден починат 53-годишниот Б.М. од Богданци. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Од увидот било констатирано дека на наведеното место Б.М. добил срцев удар, по што возилото почнало да се враќа назад и задниот дел на цистерната поминал на левата коловозна лента свртувајќи се во обратен правец.

На патот и патната сигнализација нема никакво оштетување.

Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1