Министерството за внатрешни работи го привелa Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, пишува Република.
Во јуни, минатата година Владата на Република Македонија уште на почетокот го разреши Доневски и за нов директор на СОЗР го назначи Пеце Мирчески од СДСМ.
Од финансиската полиција официјално само потврдуваат дека е приведен поранешен директор на СОЗР, без да го откријат неговиот идентитет.
„Приведен е поранешен директор на СОЗР. Истрагата е во тек, се прават детални проверки. Со повеќе детали на утрешната пресс конференција“,вели за тв 24 Арафат Муареми