Приведени 13 лица за кражба на артефакти, меѓу нив и таткото на режисерот Бојаџи


Вчера се поднесени кривични пријави против 14 лица за дела против културното наследство и природните реткости. 13 лица се приведени, а по едно лице се уште се трага. Операцијата ја изведоа припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Ова денеска го потврди и полицискиот портпарол Тони Ангеловски, кoј додаде дека целта е сузбивање на организирана повеќе-члена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола.

Но Ангеловски демантираше каква било поврзаност меѓу приведувањето за трговија со археолошки предмети сo филмот на Бојаџи „Ругање со Христoc“, кој предизвика многу реакции во јавноста. Режисерот Бојаџи на социјалните мрежи да објави дека во домот на неговите родители во Струмица, е извршен претрес по што татко му е приведен во полициската станица Гази Баба во Скопје.

Но полицијата тврди дека 14 членката група вршела ископување во археолошките зони кои се заштитени со закон, и се сметаат за културно наследство. Ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност осомничените ги продавале на заинтересирани лица од странство, од Албанија, Турција и Грција. Направената штета, од МВР велат дека е непроценлива. Инаку Македонија со децении е поле за трговија со археолошки артефакти, особено во јужните делови. Од таму се смета дека по недозволени канали предметите со непроценлива вредност се префрлани во соседна Грција но и кон други дестинации, за да се појават на црниот пазар на светот со археолошки наоди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1