Приведени 200 осомничени членови на ИД, кои планирале напад на Нова година


Турските власти, во изминатите 48 часа, приведоа најмалку 200 осомничени членови на „Исламска држава“ кои се обвинети за планирање напади за време на новогодишните празници.

Полицијата изврши рација во 14 различни окрузи, при што приведе 124 осомничени за врски со ИД во четвртокот, и уште 77 денеска, јави Анадолија.

Меѓу приведените има странци. Полицијата конфискувала документи и дигитален материјал на кои имало планови за напади во новогодишната ноќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1