Приведени над 15 лица поради кражба на идентитетот на братот на српскиот премиер


Повеќе од 15 лица се приведени утринава во неколку градови во Србија, во рамки на истрагата за кражба на идентитетот на Андреј Вучиќ, братот на српскиот премиер Александар Вучиќ, дознава Танјуг.

Осомничените моментално се наоѓаат на сослушување.andrej-vucic-policija-prebijanje-foto-printskrin-not-cool-voopshto-1

Станува збор за истрага на случајот во кој, лична карта со податоци на Андреј Вучиќ е користена за регистрирање на фантомското претпријатие „Асомакум“.

Прашањето за работата на ова претпријатие е покренато минатата есен во Парламентот на Србија, од страна на пратеникот на НС, Зоран Живковиќ.

Премиерот Вучиќ веднаш потоа изјави дека на неговиот брат му е украден идентитетот, а министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нагласи дека полицијата „непобитно утврдила“ дека постоело фалсификување на личната карта на Андреј Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1