ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ НА НБРМ: Превенција од евентуален одлив на капитал кон Грција


Народната банка на Република Македонија презема заштитни мерки со привремен карактер заради превенција од опасноста евентуални позначителни одливи на капитал од Република Македонија кон Грција да предизвикаат позначително нарушување на рамнотежата во билансот на плаќања и нарушување на стабилноста на финансискиот систем. Мерките се воведуваат со рок на траење најмногу од шест месециbanka-322

Мерките се преземаат по денешната одлука на Европската централна банка да го замрзне нивото на вонредна ликвидносна поддршка имајќи го предвид непродолжувањето на Програмата на ЕУ за прилагодување на Грција и ризикот за неизвршување од страна на Грција на отплатите по долгот кои достасуваат на 30 јуни, откако грчката влада одлучи да одржи референдум за условите на нејзината програма со кредиторите, што фактички значи исклучување на банките од Република Грција од програмата на Европската централна банка за итна ликвидносна поддршка (Emergency illiquidity assistance – ELA) и најверојатно воведување капитални контроли во Грција.

Според НБРМ со преземените мерки дополнително се зајакнува отпорноста на финансискиот систем на надворешни фактори.

Како што појаснуваат од НБРМ, превентивните мерки се однесуваат на ограничување на капиталните одливи од резидентите на Република Македонија (физичките и правните лица) кон грчките субјекти врз основа на  новосклучени капитални трансакции, но не и на ограничување на одливите врз основа на пристигнати плаќања за веќе склучени капитални трансакции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1