Приврзаниците на Црвенковски се собираат пред СДСМ


sdsm640nasaПриврзаници на Бранко Црвенковски се собираат пред седиштето на партијата да го покажат своето незадоволство од оставката на претседателот на СДСМ. Портпаролот на партијата Емилијан Станковиќ за Нова вели дека стотина граѓаним односно членови на партијата во моментов се наоѓаат пред зградата на СДСМ на Бихачка.

-Стотина граѓани се овде, пред седиштето. Го скандириаат името на Црвенковски и од она што може да се чуе и разбере тие бараат тој да остане на позицијата претседател на партијата, вели Станковиќ.

Приврзаниците на сега веќе екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски бараат тој да излезе и лично да им се обрати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1